Во почетокот беше Словото, и Словото
беше во Бога и Словото беше Бог. Тоа во почетокот беше во Бога. Сѐ
стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана. Во Него
беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето. Јован 1:1-4
Ти
постоиш вечно, Господи; Твоето слово засекогаш е утврдено на небото.
Псалми 119:89 Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина
за патеката моја. Псалми 119:105 И ќе ја
запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи. Јован 8:32